Рафинеријата не даде проценка за тоа колку нафта истече од цевководот, ниту што го предизвика инцидентот.
Инцидент се случи на нафтовод што ја снабдува рафинеријата PCK Schwedt во регионот Укермарк во североисточна Германија, по што беше пријавено големо излевање на нафта, изјави денес портпарол на рафинеријата.
Службите за итни случаи беа распоредени на местото на настанот, но немаше извештаи за повредени или какво било влијание врз работењето на рафинеријата, објави Ројтерс.
Рафинеријата не даде проценка за тоа колку нафта истече од цевководот, ниту што го предизвика инцидентот.
Цевководот каде што се случи инцидентот се протега од германското пристаниште Росток на Балтичкото Море до рафинеријата PCK, клучен снабдувач на гориво за регионот Берлин-Бранденбург.

