Хашкиот суд одговори на заканите на Русија

 

Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг одговори на заканите на Русија изразувајќи жалење за обидите на земјата да ги опструира „меѓународните напори да обезбеди одговорност“ за кршење на меѓународното право.

„Претседателството на Собранието нагласува дека Судот, неговите избраници и неговиот персонал имаат силна поддршка од Собранието на државите членки на Римскиот статут“, се вели во соопштението.

„Ја потврдуваме неговата целосна доверба во Судот како независна и непристрасна судска институција и ја повторуваме нашата силна посветеност на одржување и одбрана на принципите и вредностите содржани во Римскиот статут и зачувување на неговиот интегритет, без никакви закани“, се додава во соопштението.

Да потсетиме, рускиот истражен комитет објави дека отвори кривична постапка против обвинителите и судиите на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кои во петокот издадоа налог за апсење на претседателот Владимир Путин под обвинение за воени злосторства.

Одборот, кој е одговорен за истрага на сериозни злосторства, рече дека нема основа за кривичната одговорност на рускиот претседател Путин и дека шефовите на држави уживаат апсолутен имунитет од јурисдикцијата на странските земји.

Потегот на Русија е симболичен гест на пркос како одговор на налогот за апсење на Путин обвинувајќи го неги и комесарот за правата на децата за воено злосторство за депортирање на деца од Украина во Русија.

Кремљ одлуката на МКС ја нарече срамота, но правно неважечка, имајќи предвид дека Русија не е потписник на договорот со кој е основан МКС, пренесе „Индекс.хр“.

24.03.2023 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега