Хасани: Намерно не ја почнавме кампањата за масовна вакцинација бидејќи немаме вакцини
Имунизацијата за населението со анти ковид вакцини во земјава, почна но не со масовна кампања како што се најавуваше. Заменик министерот за здравство Илир Хасани вели дека кампањата не ја започнале намерно, објави ТВ 21.
-Свесно се воздржавме до апелот додека да не ги примиме вакцините во доволна количина и ќе продолжиме со сите капацитети кои ги поседуваме за понатамошното вакцинирање. Тоа значи дека моментално дневно имаме 2000-2500 вакцини, а капацитетот за вакцинација кој го имаме е многу поголемм но ги чекаме бројките и вакцините кои ќе стигнат во секој момент. Ова не е критика туку планирана стратегија, истакна Илир Хасани, заменик министер за здравство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа