Хари Стајлс на концерт пиеше од патиката, фановите згрозени
Музичарот Хари Стајлс ги вџаши фановите со својот потег на концертот во Перт во рамките на неговата австралиска турнеја. Ја соблекол едната патика и во неа истурил алкохолен пијалак, кој потоа го испил пред публиката.
„Ова е една од најодвратните традиции за кои сум слушнал“, рекол Стајлс, пренесува „Пејџ сикс“. Овој потег, инаку, го популаризира возачот на Формула 1, Даниел Рикардо.
„Се чувствувам како поинаква личност. Се срамам од себе“, се пошегува пејачот откога го извади микрофонот од држачот. „Таков интимен момент да споделиш со толку многу луѓе. Ќе имам долг разговор со мојот терапевт за ова“.
На социјалните мрежи почнаа да се споделуваат видеа од Стајлс како пие од патиката и многумина беа згрозени од она што го видоа.
„Зошто луѓето навиваат, мене ми е грозно“, „Не можам да го бранам во ова“, „Ако уште еднаш го видам видеото на Хари како пие од патиката, ќе здивам“, „Секогаш кога ќе го видам ова видео, тоа е против моја волја“, „Ми се гади кога го гледам ова“, се дел од коментарите на фановите на пејачот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа