Харадинај најави распад на владата во Приштина

Поранешниот косовски премиер и лидер на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај најави распад на владејачката коалиција.

Тој е незадоволен од актуелниот косовски премиер Авдулах Хоти, пренесува Газета Експрес.

-Ако премиерот Хоти продолжи вака, јас нема да ја поддржам неговата влада, истакна Харадинај.

Исто така, тој го критикуваше Хоти поради непочитувањето и избегнување на министерот за правда Селјим Селјими за време на состанокот во Брисел со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега