Харадинај: Ако не влеземе во ОН и НАТО, ќе се приклучиме на Албанија

 

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави денеска дека Косово, доколку не стане членка на ООН или НАТО, ќе се приклучи на Албанија.

„ Ако не добиеме заслужено место во ООН и НАТО, нема да останеме сами, нема да останеме без семејства, ние сме албанска нација, ќе се приклучиме на нашето албанско семејство“, рече Харадинај за време на посетата на Глодјан во општина Дечани.

„ Косово има долга историја, Косово им припаѓа на неговите граѓани илјада години, како мене“, рече Харадинај.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2021 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега