Хаос во Газа: Повредена е директорката на УНИЦЕФ - се превртел автомобилот со кој патувала

Извршната директорка на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Кетрин Расел, е повредена во сообраќајна несреќа во Египет додека патувала за Појасот Газа, поради што морала да ја одложи посетата на Израел, соопшти денеска УНИЦЕФ.

Наведено е дека автомобилот се превртел на пат кон граничниот премин Рафа, кон Газа, но дека Кетрин Расел не е тешко повредена, пренесува Ројтерс.

Кетрин Расел имаше намера да го посети Израел, каде што се надеваше дека ќе може да разговара со членовите на семејството чии деца беа киднапирани во напад на палестинската организација Хамас.

15.11.2023 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега