Хрватската полиција приведе четири лица по серија инциденти во свадбена поворка во Крапина. Граѓаните пријавиле пукање од огнено оружје и опасно возење на Денот на вљубените, по што интервенирале полициски единици.

Истрагата утврдила дека лица на возраст од 20 до 25 години испукале повеќе истрели од гасни пиштоли низ прозорците на автомобилите додека поворката била во движење.

„Утврдено е дека од два гасни пиштоли низ отворените прозорци на автомобилите биле испукани повеќе истрели. Исто така, утврдено е дека гасните пиштоли им припаѓаат на 25-годишно девојче и 28-годишен маж и дека тие биле законски во поседување“, соопштија од полицијата.

Покрај пукањето, 25-годишен возач се соочува со пријава за загрозување на безбедноста откако нагло забрзал на градскиот плоштад, предизвикувајќи пролизгување на возилото со кое за малку ќе удрел 58-годишен пешак. Полицијата веќе конфискуваше два пиштола и еден автомобил, а на уапсените им се закануваат казни од по 3.000 евра.

Exit mobile version