Анаконда долга пет метри е пронајдена на плажата во одморалиштето Рио Квенте, во бразилската држава Гојас, каде што предизвика хаос и страв кај пливачите.
Змијата се криела во бетонската конструкција на патеката што води до плажата, објави G1.globo.
Пожарникари од воен батаљон биле повикани на местото на настанот за да ја отстранат анакондата.
Бидејќи се криела на недостапно место, пожарникарите морале да користат „воздушен чекан“ за да го скршат бетонот и да го прошират отворот за да стигнат до анакондата.
Потоа успеале безбедно да ја фатат и да ја вратат во дивината, во нејзиното природно живеалиште, според локалните медиуми.