Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците.
-Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста- информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Додаде дека А.Љ. на 29. минатиот месец во 23 часот, на улицата „ Зеќир Чанка“ во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и избегал, а потоа физички нападнал полициски службеници.
Откако е лишен од слобода, утврдено е дека немал положено возачки испит и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,75 промили алкохол во крвта
- Искршено Ферарито – Иџе излета од патека, но ја заврши трката
- Филипче: Корупцијата цвета а власта го употребува обвинителство за реваншизам
- ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
- Хаос на патиштата: Возел пијан и без возачка – згора на се ги напаѓал и полицајците
- Натепана 38-годишна жена – полицијата итно реагираше
- Филипче: Луѓето живеат со високи цени, ниски плати и немаат никаква сигурност
- Четири силни земјотреси за само 10 минути: Тлото на Грција не мирува
- 60 000 евра гаранција за Стефан Богоев да се брани од слобода


