Економијата на Босна и Херцеговина се соочува со најголемиот предизвик од војната досега, откако проблемот со дозволениот престој на возачите во Шенген зоната ескалираше. Според последните податоци објавени од „N1 БиХ“, дури 875 професионални возачи се вратени од границата со Хрватска, што предизвика масовно откажување на договори за транспорт, пренесува Индекс.хр.
Бизнис заедницата предупредува дека секторот е пред колапс. Домашните компании стравуваат дека ќе бидат целосно исфрлени од глобалните синџири на снабдување, што би предизвикало несогледлив домино-ефект врз целата економија во регионот.


