Блокадата на товарниот сообраќај на граничните премини низ Македонија продолжува со полн интензитет и денеска. Македонските превозници, поддржани од колегите од Србија, Црна Гора и БиХ, јасно порачаа: „Не сме туристи, туку професионалци“. Тие бараат итно решение за правилото 90/180 дена кое, со воведувањето на новиот ЕЕС систем во април, сериозно го загрозува опстанокот на транспортниот сектор.

Билјана Муратовска од „Макам-транс“ предупредува дека над милион тони стока може да остане заглавена доколку Брисел не попушти. „Не е економски оправдано возач да седи дома три месеци додека камионот стои“, децидна е таа. Додека камионите се во колони, патничкиот сообраќај засега се одвива непречено, но револтот кај возачите расте.

Exit mobile version