Новиот систем за влез и излез на Европската Унија (ЕЕС) предизвика сериозни проблеми и огромни редици на аеродромите низ Шенген зоната. Иако Брисел тврди дека процесот се одвива во ред, патниците се соочуваат со драстично забавување на граничните проверки.
Од вчера, системот предвидува задолжително фотографирање и земање отпечатоци за најмалку 35 проценти од патниците кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ. Оливие Јанковец од „АЦИ Европа“ алармира дека проверките сега се подолги за дури 70 проценти.
Најкритична е состојбата во Лисабон, каде е ангажирана војската за помош, додека во Рим и Брисел се бара итен дополнителен персонал. Во Шпанија, туристичкиот сектор веќе упати остар протест поради повеќечасовните чекања.
Целосната имплементација на системот треба да заврши до 10 април 2026 година, кога електронските записи целосно ќе ги заменат досегашните печати во пасошите.

