Хајредини: За пропаднатата еврообврзница очекувано беше некој да одговара

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини смета дека аукцијата за издавање на деветтата еврообврзница не помина успешно, затоа што каматната стапка е скоро за еден процент повисока од износот постигнат претходно, кога еврообврзницата беше повлечена поради тоа што немаше кој да стави потпис на местото резервирано за министерот за правда. Тој, во изјава за „Слободен печат“ вели дека за ова треба и некој да одговара.

– Другите задолжувања од други извори, немаат врска со оваа еврообврзница – категоричен е Хајредини по соопштението од Министерството за финансии дека покрај еврообврзницата од 500 милиони евра по купонска камата од 6,96 проценти, дополнително се обезбедени и 100 милиони евра од инструментот за макрофинансиска поддршка на Европската Комисија по каматна стапка од приближно 3 проценти, со што се постигнати исти каматни трошоци со претходната аукција.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

 

07.03.2023 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега