Гужва и хаос на состанокот на Бајден и Путин- обезбедувањето морало да реагира

Американските новинари создадоа гужва на влезот во ходникот и вилата Ла Гранж, каде се сретнаа претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, изјави рускиот новинар Павел Зарубин.

Како што рече, само неколку дописници успеаја да влезат во просторијата каде што беа претседателите.

– Само видов дека претседателите веќе седеа, а новинарите се обидуваа полека да се пробиваат до таму. Во одреден момент, се се сведе на тоа претседателите да седат и само да гледаат како влегуваат новинарите. Искрено треба да се каже дека таков хаос беше предизвикан од американски новинари и од американска страна, тие цело време се обидуваа да воведат повеќе фоторепортери и новинари, сето тоа доведе до она кон што доведе – рече Зарубин.

На крајот, само неколку новинари успеаја да присуствуваат на почетокот на средбата меѓу Путин и Бајден во тесен формат.

Затоа на влезот се направи гужва што траеше повеќе од четвртина час, рече Зарубин.

– Излезете! Напуштете ја просторијата кога ќе ви кажам – обезбедувањето ги истурка претставниците на медиумите од просторијата каде што се состанаа претседателите на САД и Русија.

16.06.2021 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега