Гутереш призна пред светот: Страв ми е, војната во Украина може ќе се прошири

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази страв дека војната во Украина ќе се прошири, во забелешките до Генералното собрание на ОН во Њујорк, во време кога војната се доближува до својата прва годишнина.

- Руската инвазија врз Украина нанесува невидени страдања на украинскиот народ, со длабоки глобални импликации, рече Гутереш.

- Изгледите за мир продолжуваат да се намалуваат. Шансите за понатамошна ескалација и крвопролевање продолжуваат да растат. Се плашам дека светот сега месечари во поширока војна. Се плашам дека тоа го прави со широко отворени очи, додаде тој.

Осврнувајќи се на имплицитната руска закана за употреба на нуклеарно оружје, тој рече: „На светот му треба мир. Таканаречената ’тактичка‘ употреба на нуклеарно оружје е апсурдна. Ние сме изложени на најголем ризик од нуклеарна војна во последните децении, што може да започне случајно или планирано“.

06.02.2023 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега