„Гугл“ ќе ги исклучи колачињата за милиони корисници во јануари
Тие се еден од најголемите шпиони на интернет и прекршувачи на приватноста, но од 4 јануари „Гугл“ почнува да ги исклучува колачињата од трети страни, наметливите компјутерски датотеки што го следат вашето однесување на интернет. Технолошкиот гигант по случаен избор избира еден процент од корисниците на „Гугл хром“ во светот, приближно 30 милиони луѓе, за први да ја испробаат опцијата наречена Tracking Protection.
Со оваа опција „Гугл“ ќе ги ограничи веб-страниците да користат колачиња за следење.
Што значи промената за вас и што треба да направите кога ќе стапи во сила.
Ако сте во еден процент по случаен избор, ќе видите известување на вашиот прелистувач „Хром“ на 4 јануари, пишува „Дејли мејл“.
„Вие сте меѓу првите што ја пробуваат Tracking Protection, опција што ги ограничува веб-страниците да користат колачиња за следење“.
Опцијата ќе работи автоматски, па додека сурфате на интернет, колачињата од трети страни автоматски ќе бидат ограничени, што ќе ја намали можноста за следење на вашата активност.
„Гугл“ планира целосно да ја елиминира употребата на колачиња од трета страна кога ќе пристигне заштитата од следење за сите корисници до крајот на 2024 година.
„Кога станува збор за подобрување на приватноста на интернет, работата никогаш не е завршена“, пишува во соопштението на компанијата.
„Затоа во ‘Гугл’ продолжуваме да инвестираме во опции што ги штитат вашите податоци и обезбедуваат поголема контрола врз нивната употреба“, додаваат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа