Гугл Хром го добива најважното ажурирање во последните неколку години

Поточно, зборовите користени за да се опише ова беа „најважното ажурирање во последните неколку години“.

Првата промена се однесува на табовите – активните секогаш ќе одат први, а другите ќе бидат „споредни“.

Според Гугл, на овој начин уредот ќе се вчита пет пати побрзо.

Понатаму, интернет пребарувачот ќе работи 25% побрзо отколку порано и ќе користи помалку RAM меморија.

Потоа, „Tab search“ конечно ќе биде имплементиран. Ќе можете да ги видите сите моментално отворени јазичиња, без оглед во кој прозорец се наоѓаат.

Chrome Actions ќе помогнат просторот за внесување на адресата на саканата веб-страница – т.н. „address bar“, да работи побрзо и поефикасно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега