Групна тепачка во Штип - уапсено едно лице

Групна тепачка се случила во Штип вчера, по што уапсено било само едно лице.

- На 05.11.2020 во 18:05 часот на ул. „Косовска“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Д.Ј.(31) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Околу 15:00 часот на ул.„Радански пат“ во Штип, С.Д.(18), С.Д.(21), Е.Д(44) и двајца малолетници биле физички нападнати од Д.Ј. и уште шест лица, при што биле употребени метални и дрвени премети. Се работи на целосно документирање на случајот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега