Група од 10 лица од Радовиш, делеле „правда“ со тупаници пред зградата на Судот

По одложен судски спор во Основниот суд во Радовиш две групи од по пет лица продолжиле да делат „правда“ со тупаници пред судската зграда, информираат од СВР-Струмица.

– Вчера околу 09:20 часот било пријавено дека пред Основен суд во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.И.(23), А.И.(29), А.И.(44), Р.И.(42) и Е.Ј.(48), од една страна и А.Ш.(22), Н.Н.(41), Е.Н.(28), И.Н.(66) и У.Н.(17), од друга страна, сите од Радовиш, стои во информацијата на полицијата.

Се додава дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега