Грујевски пуштен на слобода, имал азил во Грција


Екс началникот на Петата управа во УБК кој е во бегство, Горан Грујевски вчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти но денеска бил пуштен на слобода, пренесе ТВ Телма.

Хравсткото МВР и Интерпол доставиле информација до МВР вчера за приведувањето, како и за последната информација од утрово дека тој е пуштен на слобода.

Според извори на Телма, одлуката да се пушти на слобода се должи на фактот што на Грујовски му бил одобрен азил во Грција.

– Во текот на вчерашниот ден од страна на Интерпол – Хрватска добивме информација дека Г.Г. е приведен. Денеска, исто така од Интерпол Хрватска добивме известување дека го ослободиле Г.Г. – рекоа од МВР за МИА.

14.04.2024 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега