Екс-премиерот Никола Груевски упати низа тешки обвинувања за работењето на згаснатото СЈО, тврдејќи дека обвинителите незаконски приграбувале огромни суми пари од буџетот. Тој посочува дека додека вршеле политички прогон, обвинителите се енормно се богателе преку додатоци на плати и наместени тендери.

„Јавното сведоштво на обвинителката на СЈО Лејла Кадриу потврди дека СЈО повеќе личело на штаб на СДСМ отколку на обвинителство, и дека правеле стратегија како мене и моите соработници да не престават како ѕверови кои крадат и убиваат, со цел политичка егзекуција.

Истовремено токму тие правеле криминал, го газеле законот, вршеле притисок на судиите да им бидат соработници, да им прифатат се што ќе измислат во СЈО, разрешувале и казнувале “непослушни” судии и претседатели на судови, местеле тендери за да земат мито, не законски приграбувале пари од буџетот како додатоци на нивните плати, за месечно да приграбуваат по четири министерски плати.

Создале можности за манипулирање со доказите и аудио материјалите, ги примале советниците на министрите од СДСМ да пренесуваат пораки како да постапуваат и кого да обвинат.

Без воопшто да го отворат предметот ги ослободувале соработниците кои незаконски снимале од предметот “Пуч” и ги остранувале обвинителите кои не се согласувале со тоа лудило, со образложение дека не се тимски играчи“, стои во објавата на екс премиерот Никола Груевски.

Exit mobile version