Груевски за „Инфомакс“: Ако нарачував измени на КЗ, тогаш ќе си нарачав за сите мои предмети, не само за еден
Во вчерашната епизода од „Тешки муабети” на Инфомакс беше поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој изјави дека немал никаква врска со измените на Кривичниот законик и дека таканаречените докази за наводна поврзаност на Груевски со СДСМ се измислица.
– Слушнав за тоа УСБ, тоа е како бел лист хартија на кое е нешто искуцано, секој може да направи УСБ за 15 минути и може да каже дека е од мене. Овие луѓе треба да се фокусираат на рушење на власта, власта досега требаше да падне многупати. Секој може УСБ-то на компјутер да си го крсти Никола Груевски и да рече дека содржината е од мене, изјави Груевски.
Груевски исто така демантираше дека измените на Кривичниот законик биле за неговите случаи и истакна дека доколку тој ги нарачувал измените, ќе нарачал измени за сите негови случаи, не само за еден случај.
– Ако јас сум го нарачувал, ќе сум го нарачал за сите мои предмети, не за еден, како што е во случајот. Не можам да разберам зошто тргнаа во ваква операција на бртутален напад против мене, имам претпоставки, не исклучувам дека некој нешто да им подметнува, да ги лаже, варијанта е дека можеби се принудени, уценети, ама ова е прилично евтина приказна, со ваков-таков доказ, а нема ништо во тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа