Поранешниот премиер Никола Груевски, преку социјалните мрежи, упати честитка до граѓаните по повод најголемиот христијански празник – Божиќ. Во својата порака, тој испрати желби за лична среќа на секој поединец, но и за напредок на целата држава.
„Ви посакувам здравје, среќа и успеси на секој од Вас, како и просперитет на нацијата и државата!!! Честит Божиќ! За многу години! ХРИСТОС СЕ РОДИ!!!“, напиша Груевски во својата празнична објава.
Груевски редовно се огласува по повод големите државни и верски празници, упатувајќи пораки до своите поддржувачи и граѓаните на Македонија.

