Груевски: Се имам сретнато со Мицкоски четирипати откако стана лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Поранешниот премиер и побегнат во Будимпешта, Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање во вчерашното интервју во „Тешки муабети“ на Инфомакс, кажа дека се сретнал само четирипати со Христијан Мицкоски откако станал лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
„Знаете што, Мицкоски откако стана претседател на партијата го сретнав само четирипати, помеѓу крајот на декември и февруари 2019 година. Потоа ја прекина комуникацијата. Еднострано. Потоа, првпат ме побара во оној период кога имаше исклучување од партијата, па имаше доста негодувања од поединци и така, тогаш ме побара. Два, трипати се видовме, ништо посебно, значајно разговор. Потоа дојдов во Будимпешта и оттогаш немам апсолутно никаква комуникација, ниту лична, ниту телефонска, ниту со пораки или слично. И тој насекаде се фали со тоа“, изјави Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа