Груевски му возврати на Мицкоски: Дај ми доказ дека сум прифатил валкана игра на власта

Во врска со обвинувањата на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека неговиот претходник Груевски играл валкана игра со власта, со цел да се истуркаат уставните измени, реагираше и поранешниот премиер преку социјалната прежа „Фејсбук“. Имено, Груевски преку ФБ го повика Мицкоски да даде доказ дека тој прифатил игра со власта, која требало да ја спроведе со помош на неговите приврзаници. 
 
„Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:
1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,
2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.
Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“, напиша Груевски на ФБ.

19.09.2023 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега