Груби ги повика иселениците да се самопопишат во што поголем број

Првиот вицепремиер Артан Груби преку Фејсбук ги повика иселениците да се мобилизираат и да се самопопишат во што поголем број. 

„Од 1 март до 31 март, секој иселеник може да се регистрира на веб-страницата на статистичкиот субјект: https://census.stat.gov.mk/. Ве молам за максимална свест и мобилизација. Споделете и известете го семејството“, напиша Груби на Фејсбук.

Од утре почнува попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе од утре, 1 март до 21 април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега