Груби: Една третина од рамковните административци од денеска можат да почнат со работа

Една третина од рамковните административци или вкупно 349 вчера ги потпишаа решенијата и од денеска  може да почнат со работа, рече синоќа при гостувањето во телевизија Телма, првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.

Груби напомена дека повеќето од овие лица, 143, се распределени во МВР, а останатите во царинската управа, УЈП, Агенцијата за вработување,… согласно етничката структура, се работи, претежно за Албанци, но и има и Роми, Македонци, Срби и турци.

До крајот на неделата, нагласи Груби, ќе се заврши со решенијата за сите рамковно вработени, а најдоцна за две недели сите ќе почнат со работа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа