Груби: Драго ми е што оваа коалиција презема одговорност и руши табуа

Целта на седницата е да го означи почетокот на одбележувањето на оваа јубиларна годишнина на на еден таков значаен документ кој што донесе мир, го промени уставот и општеството и ни ги отвори евроатлантските перспективи. Посебно драго ми е што годишнината ја одбележуваа токму оваа коалиција која што рушеше табуа во 2002 година и се до 2006 ја презема огромната одговорност и храбро го трансформира нашето општество“, истакна во говорот на тематската седница посветена 20-годишнината од Охрискиот рамковен договор, првиот потпретседател на Владата, Артан Груби. Тој потоа ги најави настаните преку кои се одбележи јубилејот.

-Мотото на прославата е „По Охрид“. По свечената седница на Владата, вечерва имаме изложба на уметнички дела од уметници од сите саедници во Мала Станица во Скопје, за да продолжиме потоа со театарска претстава, документарен филм на кој што силно предлагам да учествувата, во петок во 15:30 часот, седница во Собрани, конференции во три универзитети, концерти, вклучување на немнозинските заедници и невладините организации, настани во Струга, Кичево и Чаир како општини кои што се директен резултат од имплементацијата на договорот, итн. Во основа, сите институции кои што се основани или се резултат на охридскиот договор, ќе оддржат по еден соодветен настан. На крај, на 13 август, во соработка со Универзитетот Колумбија од Њу Јорк, организираме конференција на која што е потвдено учеството на државниот врв, но и на пријателите од меѓународната заедница, посебно 4 предводници, НАТО, ЕУ, ОБСЕ и САД, но и протагонисти од времето како што се Питер Фејт, Дејвид Слин, Роберт Сери, Бренда Пирсон, Пол Вилиамс, Дејвид Филипс, и така натаму, кажа Груби.

27.07.2021 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега