ГРОМ на Стевчо Јакимовски официјално излезе од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ
Партијата на Стевчо Јакимовски и официјално „ѝ откажа љубов“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На вчерашната седница на Централниот одбор на партијата членовите одлучиле да ја напуштат коалицијата.
-Како насока за идно дејствување на ГРОМ се донесе заклучок дека ќе продолжиме да дејствуваме опозициски и ќе се подготвуваме за самостоен настап на следните парламентарни избори. Во работниот дел на седницата на Централниот Одбор на Граѓанска Опција за Македонија ГРОМ се донесоа одлуки за комплетирање на работните тела и раководните органи на паријата, велат од ГРОМ.
14.06.2022 - 17:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа