Close Menu
Press24
    Најново

    Дневен хороскоп: Венера и Плутон носат моќна емоционална трансформација, Јупитер го отвора патот на надежта

    10.03.2026 во 09:14

    Евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток – Поаѓа автобус од Бахреин

    10.03.2026 во 09:14

    Дипломатски пробив: Путин и Трамп разговараа за Иран, Украина и Венецуела

    10.03.2026 во 09:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дневен хороскоп: Венера и Плутон носат моќна емоционална трансформација, Јупитер го отвора патот на надежта
    • Евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток – Поаѓа автобус од Бахреин
    • Дипломатски пробив: Путин и Трамп разговараа за Иран, Украина и Венецуела
    • Студено утро, па 18 степени – Уживајте во пролетта до викендот
    • Несреќа кај Козјак: Две лица тешко повредени
    • Хаос во Скопје – 76-годишна жена учествувала во тепачка
    • Драма во Македонија: Украл кола и куче, искршил банкомат, направил сообраќајка – „Малку му било” па претепал и полицаец
    • Ценовен шок: Двоцифрен скок на Дизелот, резервоар поскап за околу 700 денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гризли напад во Канада: деца тешко повредени, две лица во критична состојба

    Гризли напад во Канада: деца тешко повредени, две лица во критична состојба

    21.11.2025 во 14:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Гризли мечка нападна деца од основно училиште во канадската провинција Британска Колумбија на западниот брег, јавија локалните медиуми.

    Како што пренесува ДПА, во нападот, кој се случил вчера, сериозно се повредени неколку лица, од кои две се во критична состојба, јави Канадиен прес (Canadian Press). Новинската агенција се повика на итните служби во заедницата Бела Кула (Bella Coola), околу 700 километри северозападно од Ванкувер.

    – Болничарите им пружија итна медицинска помош на четворица пациенти и ги пренесоа во болница, изјави портпаролот на службите за итно спасување за агенцијата. „Двајца пациенти беа во критична состојба, а двајца во сериозна состојба“, додаде тој.

    Возраста на жртвите не е прецизирана, но според извештаите, меѓу нив имало и деца. Спасувачите соопштија дека инцидентот се случил на пешачка патека во близина на автопат.

    Една мајка за Канадиен прес изјави дека нејзиниот 10-годишен син одел со соучениците и наставниците кога мечката ја нападнала групата. Животното му се доближило толку блиску што можел да го почувствува неговото крзно. Според неа, мечката го бркала нејзиното дете, но потоа нападнала некој друг.

    Локалната власт на домородниот народ Нуксалк во Бела Кула ги повика луѓето да останат во затворени простории, ако е можно, и да патуваат со автомобил кога е неопходно. Се вели дека агресивната мечка сè уште е на слобода во областа и ги предупреди жителите да не „одат да ја бараат“.

    Училиштето, исто така, најави дека денеска ќе остане затворено поради инцидентот. 

    Популарно

    Неочекуван пресврт – Цената на нафтата драстично падна на светските берзи

    10.03.2026 во 08:18

    Премиерот Мицкоски во Кучевишка Бара

    10.03.2026 во 08:13

    Цената на нафтата „потона“ за 30% по изјавата на Трамп за победа

    09.03.2026 во 23:17

    Драма во Македонија: Украл кола и куче, искршил банкомат, направил сообраќајка – „Малку му било” па претепал и полицаец

    10.03.2026 во 08:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.