Close Menu
Press24
    Најново

    Ревизија: Во министерството на Груби 61% од вработените не се знае дали оделе на работа

    04.03.2026 во 10:42

    Ја бараа со денови па ја најдоа закопана во двор – Судење за убиството во Штип

    04.03.2026 во 10:39

    Крвав бран на Блискиот Исток: Шест загинати во Либан, дете жртва во Кувајт

    04.03.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ревизија: Во министерството на Груби 61% од вработените не се знае дали оделе на работа
    • Ја бараа со денови па ја најдоа закопана во двор – Судење за убиството во Штип
    • Крвав бран на Блискиот Исток: Шест загинати во Либан, дете жртва во Кувајт
    • Изгоре легендарниот штипски ресторан – Правеа една од најдобрите пастрмајлии
    • Одговор на иранскиот напад: Британија го испраќа моќниот „ХМС Драгон“ на Кипар
    • Вучиќ не губи време: Нова тура српски патници заглавени од ОАЕ слетаа во Белград
    • Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ почнува за околу 40 дена – Се решава голем проблем на повеќе од 100.000 граѓани
    • Израел: Ќе го елиминираме наследникот на Иран
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грипот зема замав во Македонија: Почина жена, двајца пациенти се во критична состојба

    Грипот зема замав во Македонија: Почина жена, двајца пациенти се во критична состојба

    14.01.2026 во 16:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 75-годишна пациентка како последица на компликации од грип. Според информациите од клиниката, жената имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.

    Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, потврди дека кај пациентката била дијагностицирана инфлуенца А.

    „Се работи за возрасна пациентка на 75 години кај која лабораториски е потвдена инфлуенца А и пациентката имала многу коморбидитети“, изјави д-р Цана.

    Состојбата на клиниката останува сериозна, каде уште двајца други пациенти се наоѓаат во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење, додека неколкумина се на кислородна поддршка. Во моментов се хоспитализирани вкупно 25 пациенти, главно повозрасни лица.

    „Тие се хоспитализирани затоа што кај нив при преглед е констатирано дека имаат компликација на вирусот на грип пред сè со респираторно засегање“, појаснува д-р Цана.

    Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, само во првата недела од годинава се регистрирани 1.725 случаи на грип низ земјава.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08

    Пошумување на опожарена површина на Голак

    03.03.2026 во 21:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.