Грците открија зошто ги затворија границите за Србите - се огласи заменик министерот

Причината зошто Грците решија привремено да ги затворат своите граници за српските туристи само делумно се должи на големиот број новозаразени со коронавирусот корона во Србија.

Друга причина е големиот број српски туристи кои влегоа во Грција на почетокот на јули, а кај кои беше откриен ковид-19.

Како што соопшти вчера заменик министерот за цивилна заштита Хардаилас, од почетокот на туристичката сезона, коронавирусот е откриен кај 295 туристи кои пристигнале во Грција, а најголем број биле – Срби.

Короната е потврдена кај 78 граѓани на Србија, 63 туристи од Бугарија, 61 од Романија, 23 од Албанија и шест од Соединетите држави.

Од тие 295 случаи на позитивни странски туристи, 53 се уште се активни (во третман), 35 се неактивни (излечени), додека останатите се вратиле дома, како што беше случајот со многу заразени српски граѓани.

за потсетување Грција ги затвори границите за влез на српските туристи на 6 јули, а таа одлука беше продолжена на 15 јули. Следниот пресек на состојбата е објавен за 1 август, но според туристичките работници од Грција и од Србија, август е 99 отсто изгубен и границата не се очекува да се отвори пред септември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега