Грчката влада официјално започна со реализација на мерката за финансиска поддршка на граѓаните за трошоците за гориво. Како одговор на енормниот раст на цените предизвикан од конфликтите во Украина, властите во Атина воведуваат субвенции за домаќинствата со пониски и просечни примања, пренесува ДПА.

Граѓаните кои ги исполнуваат критериумите ќе можат да аплицираат за таканаречената „картичка за гориво“ до крајот на овој месец преку посебен државен портал.

Колку пари ќе добијат Грците?

  • За автомобили: 50 евра за копнениот дел и 60 евра за островите;
  • За мотоцикли: 30 евра на копно и 35 евра за островските области.

Исплатата ќе се врши директно на банкарска сметка или преку дигитална дебитна картичка, а мерката ги опфаќа месеците април и мај. Грчката администрација најави дека будно ја следи состојбата и на Блискиот Исток и е подготвена за нови интервенции доколку цените продолжат да „дивеат“.

Exit mobile version