Грција веќе започна со издавање на сертификат за вакцинација

 

Од денеска во Грција започнува издавањето на дигиталната потврда, односно сертификатот за вакцинација, за сите оние кои ја примиле и втората доза од вакцината, јави дописничката на МИА од Атина.

Сертификатот за вакцинација е достапен преку специјалниот сајт на грчката Влада за електронско издавање документи, а како што пишува во објаснувањето, потврдата има „единствен код за верификација и напреден електронски печат и може или да се испраќа по електронски пат или испечатена да се доставува до јавните служби“.

Министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека „дигиталниот сертификат е безбеден, не може да се фалсификува и има електронски печат“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2021 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега