Грција: Не фалсификувајте сертификати - ќе бидеме безмилосни

Грчките здравствени власти порачаа дека ќе бидат безмилосни кон оние кои користат лажни ковид серфитикати, но и кон оние кои ги издаваат.

Заменик-министерката за здравство Мина Гага вели дека тоа особено се однесува на вработените во здравството.

-Лажните сертификати се проблем кој прилично нè вознемирува. Засега ги има малку, па тоа може да се провери, кажа Гага и предупреди дека во случај на измама ќе бидат преземени сите законски мерки, пренесува Екатимерини.

Вели дека се издадени налози сите случаи да се истражат, особено откако во сила стапи Законот за задолжителна вакцинација на здравствените работници.

Лажните сертификати се најдоа во фокусот на јавноста откако беше откриено дека еден вработен во Центар за вакцинација во Кардица издал 44 лажни сертификати  преку платформата на институцијата, користејќи лозинка на доктор.

 

10.09.2021 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега