Грчко МНР: Набргу нов круг прелиминарни контакти со Турција

Грција и Турција се договорија наскоро да го одржат во Истанбул, 61-от круг од прелиминарните контакти, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Во изминатиот период грчкиот премиер, како и министрите од неговата Влада порачуваа дека поддржуваат почеток на дијалог до Турција, но само доколку Анкара запре со провокациите во Источниот Медитеран и само за единствената разлика, односно одредување на Ексклузивната економска зона.

Последен пат прелиминарни разговори меѓу Анкара и Атина беа одржани во 2016 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа