Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Евзони

    Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Евзони

    27.12.2025 во 12:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчките земјоделци денеска го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време. За попладневните часови најавена е и втора четиричасовна блокада, од 18 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.

    По четиридневна пауза, за време на која автопатиштата и граничните премини беа отворени поради Божиќните празници, земјоделците од денеска повторно ги активираа блокадите на повеќе локации низ цела Грција.

    На граничниот премин Евзони, кусо пред 12:30 часот по локално време, тракторите паркирани на грчката страна ја блокираа границата за сите возила. Според информациите на МИА, сообраќајот ќе биде во прекин до 16 часот по грчко (15 по македонско време), по што преминот ќе се отвори на два часа. Новата блокада е најавена од 18 до 22 часот по грчко, односно од 17 до 21 часот по македонско време.

    За патниците кои патуваат кон Грција, граничните премини Ники (Меџитлија) и Дојран засега се отворени за сообраќај.

    На Ники постои можност за нови блокади, бидејќи и таму се паркирани трактори, додека на Дојран засега нема поставено блокада и сообраќајот се одвива непречено.

    Според информациите на дописничката на МИА од Атина, не е исклучено и утре повторно да има две четиричасовни блокади на Евзони во истите термини како и денеска, односно прекин на сообраќајот меѓу 12 и 16 часот и од 18 до 22 часот по грчко време.

    Блокадите на Евзони започнаа на 1 декември, кога земјоделците од регионот Пеонија и градот Јаница пристигнаа со трактори, кои и понатаму остануваат паркирани на грчката страна од границата. Во изминатиот период граничниот премин беше блокиран, со исклучок на празничниот период за Божиќ.

    Во текот на денешниот ден повторно се активираат и повеќе блокади на автопатиштата низ цела Грција, кои ќе траат до вторник.

    На автопатот Солун–Атина, кај патарините Малгара на излезот од Солун, сообраќајот кон Атина е затворен, а од понеделник, во период од два дена, се очекува затворање на сообраќајот во двата правци.

    Според најавите, од вторник до петок, поради новогодишните празници, повторно ќе бидат отворени сите автопатишта и гранични премини, како што беше случај и за Божиќ, со цел да се олесни патувањето на граѓаните.

    Протестите на грчките земјоделци започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство, ниските откупни цени, како и поради скандалот со европските земјоделски субвенции. Нивното главно барање е исплатата на заостанатите субвенции.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.