Close Menu
    Најново

    Грчкиот министер: Нема веќе затворање на граничните премини, економијата трпи огромни штети

    14.01.2026 во 16:57

    Грипот зема замав во Македонија: Почина жена, двајца пациенти се во критична состојба

    14.01.2026 во 16:40

    Костадинов го одмрзна членството во СДСМ: На располагање сум на партијата

    14.01.2026 во 16:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Грчкиот министер: Нема веќе затворање на граничните премини, економијата трпи огромни штети
    • Грипот зема замав во Македонија: Почина жена, двајца пациенти се во критична состојба
    • Костадинов го одмрзна членството во СДСМ: На располагање сум на партијата
    • Груевски со честитка за Василица и Стара Нова година – посака мир, напредок и успеси
    • Пред нас е продолжен викенд: Понеделник е неработен ден
    • Дурмиши: Храната и пијалоците поевтинуваат
    • Мицкоски по лидерската: Техничката влада веќе никогаш нема да постои
    • После три часа дебата заврши лидерската средба
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Грчкиот министер: Нема веќе затворање на граничните премини, економијата трпи огромни штети

    Грчкиот министер: Нема веќе затворање на граничните премини, економијата трпи огромни штети

    14.01.2026 во 16:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, упати јасно предупредување дека Владата повеќе нема да дозволи блокирање на царинските служби на граничните премини. Во изјава за грчките медиуми, тој нагласи дека блокадите на земјоделците предизвикуваат сериозни последици по државната економија.

    Хрисохоидис истакна дека државата покажала голема толеранција во изминатите 40 дена, но дека ситуацијата со стотиците илјади тони производи кои не можат да поминат е неодржлива.

    „Нема шанси повторно да се затвори царинска служба и тоа го нагласувам јасно. Тоа се влезовите на земјата, имаме огромни проблеми, нè пријавуваат другите земји во Европската Унија, но не е само тоа, главно е дека се попречува функционирањето на економијата, се попречува работењето на бизнисите кои бараат снабдување со производи, со суровини, гориво и слично. Ова не може да продолжи. Обесштетувањата што ќе се побараат ќе бидат огромни“, изјави Хрисохоидис.

    Протестите на земјоделците започнаа кон крајот на ноември и ги зафатија граничните премини кон Македонија, Бугарија и Турција. Иако тракторите остануваат на патиштата, земјоделците веќе формираа делегација која треба да се сретне со премиерот Киријакос Мицотакис за да се најде решение за нивните барања.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања, проверете дали сте на списокот

    14.01.2026 во 09:34

    Тешка сообраќајна несреќа во Битола и серија приведени пијани возачи низ Македонија

    14.01.2026 во 10:48

    Техеран со ултиматум: Ако Америка нè нападне, ќе ги срамниме со земја американските бази кај соседите

    14.01.2026 во 13:26

    (ФОТО) Се запали стан – едно лице загина, друго е повредено

    13.01.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.