Close Menu
Press24
    Најново

    Скандалозно: Скопјанка во својот дом натепала 13-годишна соученичка на својата ќерка

    12.03.2026 во 15:32

    Вознемирен татко среде ноќ се јавил во СВР Скопје: Малолетници со пиштол пукаа кон мојот син

    12.03.2026 во 14:54

    Страшна сообраќајка во Скопје: Тешко повредено 4-годишно дете во судир на автобус и автомобил

    12.03.2026 во 14:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скандалозно: Скопјанка во својот дом натепала 13-годишна соученичка на својата ќерка
    • Вознемирен татко среде ноќ се јавил во СВР Скопје: Малолетници со пиштол пукаа кон мојот син
    • Страшна сообраќајка во Скопје: Тешко повредено 4-годишно дете во судир на автобус и автомобил
    • Трагедија: Исчезната скопјанка пронајдена во водите на Вардар
    • Падна дилер од Штип
    • Утре е Петок 13-ти: Зошто сите се плашат од овој ден и што никако не смеете да правите
    • И ова е можно: Битолчанец немал возачка дозвола, а возел камион
    • Маж пронајден починат во кумановско село
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грчки министер: Секој месец имаме околу 450 пријави за насилство врз жени

    Грчки министер: Секој месец имаме околу 450 пријави за насилство врз жени

    25.11.2025 во 18:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Секој месец имаме околу 450 пријави за насилство врз жени, една од три жени која пријавува насилство, во својот мобилен телефон ја инсталира специјалната апликација „Panic Button“, а годишно имаме околу 5.000 инсталирани вакви апликации, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

    По повод Меѓународниот ден против насилството врз жените, Хрисохоидис се осврна на податоците од полицијата, рече дека има зголемување на пријавите, зголемување на обвиненијата и зголемување на бројот на уапсени и притворени.

    Посочи дека минатата година имале 18.500 предмети и уапсени 11.300 насилници, додека пак оваа година бројот е поголем, 19.500 предмети и 12.150 уапсени, оценувајќи дека 2025 година може да заврши со 20.000 случаи.

    – Она што ме загрижува, но во исто време ме прави и оптимист, е дека од една страна се зголемуваат случаите, но всушност се зголемува бројот на пријавите. Односно, таму каде што целата оваа тема беше потоната во молк и вина, сега веќе излегува на површина, нагласи Хрисохоидис.

    Пред повеќе од две и пол години беше воведена апликацијата „Panic Button“ на грчката полиција за помош на жени жртви на семејно насилство, а станува збор за специјална, тајна апликација за мобилните телефони што не дозволува трети лица кои можеби имаат пристап до уредот на жртвата да ја откријат апликацијата.

    Жените жртви на семејно насилство, откако ќе ја инсталираат апликацијата на нивните мобилни телефони, со притискање на едно копче, можат итно и безбедно да ја известат полицијата доколку се во опасност.

    Апликацијата мора претходно да биде инсталирана и активирана во полициска станица и ги содржи сите податоци на жртвата на семејно насилство.

    – Често се активира „Panic Button“, а оваа година имаме зголемување на неговата употреба за 12 отсто, рече надлежниот грчки министер.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.