Грчева: Власта се држи на конец, а нејзиниот мандат е исполнет со врвна корупција

„Оваа власт се држи на конец, 8 влегоа од Алијанса а 8 им излегоа и пак дојдоа на истиот број пратеници и упорно се држат на власт без народен капитал и гласови зад себе. Немаат воопшто право да носат сериозни одлуки, не покажа ништо оваа власт освен хронично неработење и корупција за која реагираше и американската амбасадорка“, изјави претседателката на „Глас за Македонија“ Солза Грчева во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа.

Таа истакна дека власта гледа ден за ден да купат бидејќи секој ден им вреди некоја пара.

„Ваквата патека по која тргнал СДС да ја води државата а при тоа уценуван од партиите можно е за брзо да не одведе до федерализација на државата“, рече Грчева.

Грчева кажа дека мандатот на оваа Влада е исполнет со врвна корупцијата, таа ветувајќи една лажна светла иднина за ЕУ си исполни мандат со корупција.

„Ние немаме независни институции, бидејќи тие се сите погазени и имаме заробена држава. Како ќе биде висок процент на верба во судството каде имаме снаи зетови синови на службеници во државата во обвинителството“, кажа Грчева.

Таа е децидна дека правосудниот систем за едни е мајка а за други маќеа и затоа граѓаните така и го оценуваат

 

17.03.2023 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа