Граѓаните нема да ги плаќаат налепниците „НМК“ за промена на регистарските таблички
Лепенките со „НМК“ за промена на регистарските ознаки ќе бидат бесплатни за граѓаните. МВР од својот буџет ќе одвои пари за нив, за и оваа обврска меѓудругите, да не падне врз грбот на граѓаните.
Но, на десетина дена пред истекување на крајниот рок за промена на личните документи, налепниците се уште не се стигнати, а ниту дистрибуирани до техничките станици. Казни за оние кои нема да успеат да ги променат своите регистарски ознаки нема да има, но нема да може ниту да ја напуштат државата.
Никој по 12 февруари нема да може да ја напушти Македонија ниту со стар пасош, ниту со стара лична карта, ниту со возачка на која не пишува „Северна“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа