Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на оваа недела ќе се реализира нов бран на авионска и теристичка дезинсекција против комарци на подрачјето на главниот град.
Авионското прскање ќе се спроведе на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови.
Терестичната дезинсекција против комарци ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во временски период од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.
Од градските власти напоменуваат дека реализацијата на зафатите зависи од временските услови на терен.
„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини“, соопштуваат од Градот.
Поради планираните активности, упатен е и посебен апел до сопствениците на пчелни семејства.
„Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, стои во известувањето.


