Градоначалникот на Приштина ќе му го врачи клучот на градот на Ахмети
Позната е причината за посетата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Приштина.
Градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама ќе му го додели клучот на градот на Ахмети, објави косовскиот „Економија онлајн“.
Претходно извесен Исмет Сулејамни на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со Ахмети од кафуле, а под фотографијата напиша „Историско кафе со Али Ахмети“.
-Историско кафе со Али Ахмети во Приштина. Утринско кафе во Приштина со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети. Исмет Сулејмани, Приштина, 17 декември 2024 година!, напиша Сулејмани.
Посетата на Ахмети на Косово доаѓа откако викендов таму замина поранешниот вицепремиер и министер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби. Тој, според објави на повеќе медиуми веќе ангижрал адвокат кој ќе го застапува во предметот за кој е објавен, а поврзано со проневера од над 8,2 милиони евра до Државна лотарија.
Адвокатот Владимир Доневски наводно уште вчера вечерта бил во јавното обвинителство и предложил Артан Груби да се врати во земјава доколку биде побарана поблага мерка за негово обезбедување, односно мерка куќен притвор, наместо притвор. За сите овие пишувања од медиумите до моментов нема официјална потврда.
Инаку адвокатот Доневски е поранешен адвокат на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Полицијата вчера вршеше претрес во Полициски екипи вчера вршеа претрес во домовите на Груби и на поранешниот директор на Државната лотарија на РСМ, Прпарим Бајрами. И двајцата не беа пронајдени во своите домови.
Во објава на својот фејсбук-профил од пред еден ден, Груби напиша дека бил во приватна посета на Косово и дека не е избеган од државата откако такви неофицијални информации почнаа да кружат на социјалните мрежи во неделата вечерта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа