Градоначалникот на Пехчево го вклучи алармот: Никој самоиницијативно да не оди да го гасне пожарот
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2024/08/11/202111.jpg?itok=7h04EXCz)
Како што објавивме и предмалку, активиран е нов пожар на територијата на Пехчево. По најавите дека се мобилизира населението, градоначалникот го вклучи алармот и ги повика никој самоиницијативно да не оди да го гасне пожарот, туку сите доброволци сосебе да понесат лопати и да се сретнат на плоштадот во градот.
„Почитувани граѓани пожарите во Пехчево се сеуште активни!
Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со сеебе да понесат лопати!
НАЈСТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА САМОИНИЦИЈАТИВНО ОДЕЊЕ ДА СЕ ГАСИ ПОЖАРОТ
КРИЗЕН ШТАБ ОПШТИНА ПЕХЧЕВО“, напиша градоначалникот на ФБ.
Согласно информациите на Прес24, овој пожар е драстично поопасен од претходниот, кој се приближи до првите куќи на градот.
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2024/08/11/lopati.png?itok=iMIRJJch)
11.08.2024 - 17:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа