Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска и официјално ги продолжува своите редовни работни активности и обврски во локалната самоуправа.

Од општината информираат дека и во периодот на неговото отсуство, институцијата функционирала професионално, непречено и согласно утврдената динамика на администрацијата.

Тековните проекти и услугите кон граѓаните се реализирале континуирано, со цел да не се почувствува застој во работењето на службите.

Со враќањето на Лукровски, Општина Карпош најавува уште поинтензивна координација на започнатите активности на терен.

Како главен приоритет во наредниот период се посочува унапредувањето на инфраструктурата, санацијата на урбаната опрема и одржувањето на јавните површини и зеленилото.

Од локалната самоуправа додаваат дека продолжуваат со реализација на проектите со јасна заложба за отчетност, ефикасност и посветена работа во интерес на граѓаните.

Exit mobile version