Видео-снимка која прикажува случај на врсничко насилство меѓу малолетници во скопската населба Аеродром, во текот на денешниот ден се прошири на социјалните мрежи. Материјалот за кратко време стана предмет на бројни реакции од страна на јавноста.

На видеото е прикажано малолетно девојче кое е клекнато на колена, додека неколку други девојчиња физички и вербално го напаѓаат.

Инцидентот се случува во присуство на поголема група малолетници кои со своите мобилни телефони го документираат целиот настан.

Наместо да го спречат малтретирањето, дел од присутните момчиња и девојчиња активно го поттикнуваат физичкиот напад врз жртвата.

„Ќутете да слушнеме како ќе пука“, се слуша на снимката како изјавува едно од присутните момчиња, додека друг повикува „уште еднаш, уште еднаш“.

Засега нема официјални информации дали случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

Се очекува соодветна реакција од надлежните институции и социјалните служби во однос на откривање на идентитетот на инволвираните лица.

Exit mobile version