Градоначалникот на Гази Баба позитивен на ковид-19, од вчера е на Инфективна

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски од вчера е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а утрово ги добил резултатите од тестот за коронавирус кои се позитивни. Тој вели дека е во добра состојба, а засега, нема одговор како и каде се заразил.

-Вчера го направив тестот, денес изутрина добив резултат и е позитивен. Без покачена температура, состојбата е во ред, изјавил Георгиевски за „А1он“.

Претходно, заразени со вирусот беа и градоначалниците на Куманово, Максим Димитриевски, на Чаир, Висар Ганиу и Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега