Градоначалникот на Белград со супер вести: Бесплатни таблети и дигитални учебници за сите ученици од 1 до 4 одделение!

 

Сите ученици од прво до четврто одделение во Белград ќе добијат бесплатни таблети и дигитални учебници, најави заменик градоначалникот Горан Весиќ.

Тој рече дека во основните училиште од прво до честврто одделение, во Белград одат 66.573 основци и околи 1000 деца одат во посебни училиште, а како што рече и тие ќе добијат бесплатни таблети и дигитални учебници.

"Нашата земја постигна значителен напредок во дигитализацијата и ние сме сведоци на развој на е-управа, полека одиме кон укинување на шалтерите. Дојде време да се дигитализира и училиштето", рече Весиќ.

Затоа Градот издвои средства за сите деца од прво до четврто одделение, на 1 септември, прво да добијат бесплатен таблет за кој училиштата ќе бидат задолжени училиштата, а родителите да потпишат формулари, па потоа, вели тој, ќе биде распишан тендер за набавка на дигитални учебници, така што секое дете ќе добие код и на таблетот ќе го има истиот учебник што го има на училиште, така што нема да мора да ги носи учебниците дома. „Градот ќе обезбеди дигитален учебник за секое дете“, истакна Весиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега