Градоначалникот Ѓорѓиевски најави голема инвестиција во општина Кисела Вода

 

Кисела Вода станува привлечно тло за инвеститорите. Градоначалникот Ѓорѓиевски најави голема инвестиција вредна 20 милиони евра. На површина од 22 илјади метри квадратни ќе се гради една од најголемите фабрики за производство на кондиторски производи со логистички центар. Планирано е вработување на 300 лица, а производството е наменето за извоз.

-Големите работи доаѓаат со истрајност и со вистинска соработка.  Гордост ми е да најавам дека во општина Кисела Вода ќе започне со изградба на една од најголемите фабрики за производство на кондиторски производи, како и логистички центар.

Ова е македонска инвестиција со странски партнер, кои ќе изградат фабрика на површина од 22 илјади метри квадратни. Планирано е вработување на 300 лица, а производството е наменето за извоз. Вкупната инвестиција е 20 милиони евра.

Од општина која беше пред банкрот, до општина со која сите се гордееме и каде почнуваат големи инвестиции. Да ни се множат успесите-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

13.07.2024 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега